Влада: Електронски идентитет ќе добие секој во државата

Владата на денешната 121. седница ја разгледа и усвои информацијата од МВР за „потребата од изработување план за воспоставување национален електронски идентитет за секој граѓанин“. Планот беше разгледан и прифатен, заедно со тој за реализација, информираат од Владата.

„Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата, така и надвор од неа – земјите од Западен Балкан и Европската Унија“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата
- Реклама -