Влада: АД ЕСМ вчера произведе 11.861 MWh електрична енергија

Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) – Во Термоелектраните произведени се 8.737 MWh. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј. Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја. Во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци на 21.10.2022 година произведени се 3.124
MWh, се посочува во денешното соопштение од Владата.

Како што се наведува, АД ЕСМ на 21.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

Прочитајте и:  Владата го назначи министерот Муртезани за главен преговарач со ЕУ
- Реклама -