Рецепт за колач „кнедли со сливи“ – совршено, колку што и изгледа.
За подготовка на овој рецепт, потребни ви се следниве состојки:
200 г. презла
околу 20 лажици шеќер
1 кг. сливи
мармалад од сливи или кајсии
цимет
1 л. млеко
13 лажици гриз
70 гр. путер
1 јајце
Подготовка:
Испржете 200 г. презла и 3 лажици шеќер и оставете да се оладат. Килограм сливи исечете на четвртини, додадете 4 лажици шеќер и продинстајте. На крајот, додадете 4 лажици мармалад од сливи или кајсии, по жчелба и малку цимет.
Од литро млеко, 16 лажици шеќер и 13 лажици гриз, направете фил. Додадете путер и едно изматено јајце.
Редете во подмачкана тепсија: половина презла, половина фил, сливи, втора половина фил, втора половина презла и добро оладете ја тортата.
На здравје 🙂