Вкусно фрапе од јагода

Време е да дознаете како да си направите освежително фрапе.
Состојки:

500 г. јагоди

150 г. шеќер во прав

2 лажици ванилин шеќер

5 дл. јогурт

2 дл. изматена слатка павлака

малко лимунов сок

Подготовка:

Исчистените и измиени  јагоди исецкајте ги на мали парчиња, посипете шеќер, ванилин – шеќер и оставете да отстои 45 минути.

Потоа измиксајте, додадете јогурт и лимонов сок, па лесно додадете ја и слатката павлака. Ставете во чаша и почекајте да се олади.

- Реклама -