Вкусен зелник

Денеска заедно ќе подготвиме зелник со спанаќ.

Потребни состојки:

* 1000 грама тенки кори
* 500 грама спанаќ
* малку сол
* 400 грама сирење
* 20 милилитри млеко
* 40 милилитри масло
* 200 милилитри кајмак
* 4 јајца

Подготвување:

Спанаќот се мие, се цеди и се посолува. Потоа се остава да отстои, па убаво се сече на резниња. Потоа се меша со сирење, кајмак и јајца. Ако е потребно се додава сол.

Во подмачкан плех се ставаат две кори, па се гужваат и се попрскуваат со масло и со прелив.

Потоа повторно се ставаат две кори, се попрскуваат со масло, па со прелив и постапката се повторува додека не се потрошат корите и преливот. Горните две кори, не се гужваат.

На крајот питата се попрскува со масло, потоа се полева со млеко и се пече. Се служи топла.

- Реклама -