Вкусен рецепт со јајцата останати од Велигден

Веројатно ви пукнале неколку јајца за време на фарбањето. Исто така ќе останат и многу од Велигден. Па, погледнете гo овoj одличen рецепт со кои ќе можете да ги искористите преостанатите велигденски јајца.

Потребни состојки

1 килограм компири
1 лажица путер
Кисели краставички
7 варени јајца
400 грама Пекабеско печеница или шунка
200 грама сирење
150 грама кашкавал
3 лажици мајонез
Сол по вкус

Потребни состојки (за сос)

200 милилитри мајонез
200 грама кисело млеко
Потребни состојки (за декорација):
4 варени јајца
Малку магдонос

Начинин на подготовка:

Сварете ги компирите во солена вода. Исцедете ја водата, додајте путер и направете пире. Краставичките, печеницата сирењето и кашкавалот изрендајте ги, а јајцата исечете ги на тенки парчиња. Во посебен сад измешајте ги мајонезот и киселото млеко.

Кога компирот ќе се излади, од половина смеса направете кора во калап за торта. Добро натапкајте го со прстите за да добиете цврста кора.

Врз компирите наредете сирење и рендана печеница, па премачкајте со третина од сосот од кисело млеко и мајноез. Потоа ставете го останатиот дел од пирето, а врз него ставете кисели краставички, па тенко исечените јајца. Премачкајте и со другата третина од сосот, а озгора ставете изрендани кисели краставички.

Добро притиснете со дланките, покријте ја тортата со фолија и оставете ја во фрижидер преку ноќ. Ставете ја и преостанатата третина од сосот во фрижидер.

Следниот ден извадете ја тортата од калапот, од страните премачкајте ја со останатиот сос, а на крај изрендајте 3 јајца на врвот.

- Реклама -