СОСТОЈКИ:
1 кг. пилешко
100 гр. кромид
800 гр. компир
3 јајца
200 мл. млеко
250 гр. брашно
200 мл. кисела павлака
100 мл. масло
бибер
вегета
ПОДГОТОВКА:
Пилешкото се зачинува со сол, бибер и вегета, па се пржи кратко на загреано масло на тава од сите страни.
Компирот се лупи и ренда крупно, му се додаваат јајцата, млекото, киселата павлака, брашно и кромид со масло, па се меша и се ставаат зачини.
Додадете си и црвен пипер.
Ставете го компирот во тава со масло, ставете го горе пилешкото, ставете малку масло горе ( може и она во кое го пржевте месото), и печете на 180 степени 40 минути.