Вкупно седум жртви од почетокот на протестите, илјадници Французи во притвор

Досега се уапсени повеќе од 4.500 лица, од кои 4.100 се уште се во затвор.

Една жена загина за време на протестот на „жолтите елеци” во францускиот град Сосон, објави Спутник. Жената загинала во судар меѓу две возила, откако еден од возачите се обидел да ја заобиколи бариерата на демонстрантите. Белгискатата полиција пак, соопшти денеска дека маж починал, откако неговиот автомобил удрил во камион, со кој демонстрантите го блокирале патот кон француско-белгиската граница.

Со последните жртви бројката на загинати поврзани со протестите се искачи на седум лица во изминатиот месец, од почетокот на движењето „жолти елеци” во Франција.

Протестите во Франција започнаа на 17 ноември, а според локалните медиуми, досега се уапсени повеќе од 4.500 лица.

- Реклама -