Вкупно аплицирани 1.624.729 дози вакцини, ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани

Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2 293 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 3 ноември вкупно се вакцинирани 807 528 граѓани, ревакцинирани се 778 482, а трета доза примиле 38 719 граѓани. Повеќе од половината или 54 отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, наведуваат од Министерството за здарвство.

- Реклама -