Тие знаат дека нивното дете е на пат секој момент да им се придружи во секојдневниот живот, па решија да искористат една од нивните последни ноќи кога се сами, за да си приредат состанок.
25-годишниот рапер вчера на „Твитер“ објави фотографија на која тој и неговата вереница, Амбер Роуз се во прегратка во приватен ресторан, каде е очигледно дека Виз е горд на изгледот на идната мајка на неговото дете.
„Вечера со жената“, напиша тој под фотографијата.
Во меѓувреме, неговата свршеница Амбер (29), речиси секојдневно објавуваше слики на нејзиниот „Твитер“ профил, преку кои нејзините фанови можеа да набљудуваат како се одвива нејзината бременост.