Кинескиот производител BBK најави дека повторно ќе го сруши светскиот рекорд со наслов најтенкиот смартфон на светот откако ќе се појави нивниот нов мобилен Vivo X3 со дебелина од само 5.9 милиметри што звучи навистина неверојатно.
На овој начин Vivo X3 ќе го подобри рекордот на Huawei Ascend P6 кој имаше дебелина од само 6.18 милиметри, а споредбено со останатите врвни смартфони како iPhone 5 или Samsung Galaxy S4 изгледа како смартфон со анорексија.
BBK Vivo X3 ќе биде лансиран во Кина на почетокот на август по многу ниска цена, додека пак останатите компоненти сеуште не се откриени.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.Mk