Виц: Тука ли е мајка ти?

Со тешка мака, еден планинар стигнува до врвот на една планина и гледа мала дрвена куќарка.

Тропнува на вратата, а одвнатре одговара детски глас:

– Да?
– Тука ли е татко ти?
– Не е. Беше, ама излезе пред да дојде мама.
– Добро, значи мајка ти тука е?
– Не е. Беше, ама излезе пред да дојдам јас.

Планинарот, потполно збунет, прашал:

– Па добро, зарем вие никогаш не сте заедно?
– Нормално дека сме, ама дома. Ова ни е полското ве-це, одговорило детето.

Прочитајте и:  Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот (ВИДЕО)
- Реклама -