Извршниот директор, шефот на маркетинг и секретарката оделе на состанок, кога по патот пронашле стара ламба. Ја триеле кога од внатре излегол добриот дух.
– Пуштете ме, ќе му исполнам по една желба на секој од вас, рекол тој.
– Прво јас! Прво јас! – отскокнала секретарката. Сакам да бидам во Париз и да пазарам со златна картичка! Пуф! И исчезнала.
– Сега јас! Сега јас! – врескал шефот на маркетингот. – Сакам да бидам на Хаваи, да се бањам и да пијам коктели! Пуф! И тој исчезнал.
– Сега е твој ред, му рекол духот на извршниот директор.
– Ги сакам овие двајцата назад во канцеларија по крајот на паузата за ручек!