Четири католички свештеници и една калуѓерка пијат кафе во кафуле на плоштадот „Св. Петар“ во Рим. Првиот свештеник се фали: – Син ми е свештеник. Кога и да влезе некаде сите го викаат „Оче“!Вториот свештеник му одговара:
– Син ми е бискуп и тој кај и да влезе сите го нарекуваат „Ваша Милост“!
… Третиот свештеник на тоа додава:
– Син ми е кардинал, и кога тој ќе се појави некаде сите му се обраќаат со „Ваша Еминенцијо“!
Четвртиот само ги слушал па гордо им одговорил:
– Син ми е Папа, кога тој ќе влезе некаде, сите се клањаат и му се обраќаат со „Ваша Светост“!
Калуѓерката цело време молчела и си пиела кафе, па сите се свртеле накај неа и ја прашале:
– А, вие…?
На ова таа гордо одговорила:
Јас имам ќерка….
– згодна
– висока 175cm
– обем на гради 96cm
– обем на струк 60cm
– обем на колкови 90cm
е, кога она ќе влезе некаде, сите и се обраќаат со „О, МОЈ БОЖЕ!“