Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.Професорот му довикал:
-Птиците и свињите не седат заедно.
– Во ред, тогаш летам – се преместил студентот на друго место.
Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.
Дошло време да се полага,а студентот поминал добро ко за 10-ка. Професорот се изнервирал и го прашал, за крај:
– Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?
-Парите, професоре.
– Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.
– На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.
– Во просторијава има еден голем идиот! – свикал професорот.
-Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.
Професорот нервозно го зел индексот и во него не напишал оценка туку „Говедо“.
Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно му рекол на професорот:
– Извинете професоре, овде само сте се потпишале и не сте ми ставиле оцена.