Виц: Се вратил порано од работа

Еден ден мажот се прибрал порано од работа. Влегол во спалната соба, а таму, жена му лежи на креветот.

– Што ти текнало да лежиш во ниедно време?

– Уф, срцето бие, убива, бие. Те молам, оди до аптеката и земи ми нешто!

Вознемирен, човекот се упатил кон аптеката, а по пат ѕирнал во соседната соба, каде што седел неговиот син.

– Ти, пак, што правиш овде?!

– Па, таму (покажува кон спалната) чичко Иван се крие во плакарот…

Се вратил мажот во спалната и трчајќи го отворил гардероберот:

– Иван !!! Ти луд ли си?  На жена ми и е лошо, а ти си играш криенка со син ми.

- Реклама -