Полицајци застануваат постар господин во два часот по полноќ. Му ги гледаат документите и го прашуваат:
– Каде брзате во два часот по полноќ?
Човекот одговра:
– Одам на предавање за последиците од претерана конзумација на алкохол и цигари, нивното штетно влијание врз човековото тело… За негативните последици врз социјалниот, друштвениот, работниот и фамилијарниот живот, со посебен осврт кон опасноста од доаѓање дома во доцните часови!
Навистина? Па кој држи предавање во ова време?
– Мојата жена!