Патувале двајца луѓе во воз. По едно време едниот извадил огромен сендвич со путер, шунка и француско сирење и почнал да јаде, задоволен.
Другиот извадил само јаболка.
По едно време првиот прашал:
– Ти зошто јадеш само едноставни јаболки?
А другиот одговорил:
– Види овие јаболки воопшто не се едноставни. Јадеш ли една, веднаш стануваш попаметен.
– Продади ми тогаш едно јаболко!
– Добро, но скапи се – 3.000 денари едно.
Првиот патник се согласил да ги даде парите и почнал да го јаде јаболкото. Колку повеќе јадел, толку повеќе размислувал. И конечно рекол:
– Чекај. Јас за тие пари можев да си купам цел вагон со јаболки!
– Ах, гледаш ли како започна да стануваш попаметен?
– Во право си! Дај уште едно!