Новинар интервјуира овчар:
– По колку килограми волна даваат овците?
– Кои – црните или белите?
– Црните.
– По два килограми.
– А белите?
– И тие по два килограми.
– А колку млеко даваат?
– Црните или белите?
– Па црните …
– Два литри.
– А белите?
– И тие по два литри.
Новинарот бил сосема збунет:
– Добро, зошто прашувате – црните или белите, има ли некоја разлика …
– Епа види сега, црните овци се мои …
– Добро … А белите?
– И тие се мои.