Виц: Најубавиот ден

За време на појадокот сопругата вели:

 – Сигурна сум дека не се сеќаваш кој ден е денес.

– Глупости, многу добро знам кој ден е денес!, одговара мажот и заминува на работа.

Во 10:30 некој ѕвони на вратата. Жената ја отвора и гледа на прагот букет од прекрасни рози.

Во 13:00 повторно  ѕвони. Овој пат на прагот наоѓа кутија со омилените чоколади.

Во 15:00 повторно ѕвони. Овој пат мажот ја изненадил со одлично крзнено палто.

Вечерта тој си дошол дома и таа му рекла:

Љубов моја. Прво цвеќиња, после бонбони, потоа крзнено палто! Ова е најубавиот „Ден на армијата“ во мојот живот!

- Реклама -