Ситен возач на автобус застанал на автобуската станица, кога низ вратата влегол човек, поголем од оној кој сите ние можеме да го замислиме – вистинска планина.
„Големиот Џон не плаќа“, рекол мажот и седнал.
Бидејќи се работи за земја во која шоферот бил и возач и контрола, негова задача било да го симне човекот од автобусот, но кога ја увидел разликата во растот, возачот немал желба и храброст да спори.
Следниот ден се повторило истото. Мажот планина се качил во автобусот, го прободел возачот со поглед и рекол:
„Големиот Џон не плаќа“, а потоа седнал.
Тоа траело неколку дена, а возачот веќе почнал да се лути.
„Зошто Големиот Џон не плаќа како сите други?“, се прашувал тој.
Така лутиот возач отишол во фитнес салата и почнал интензивно да тренира бодибилдинг, со цел најпосле да се соочи со Големиот Џон и да биде подготвен за секаква ситуација.
По две недели таму каде што претходно имало само кожа и коски, сега се гледале мускули, а возачот со нетрпение ја очекувал средбата со Џон.
Најпосле дошло до тоа. Се исправил човекот-планина како пушка, ја испружил раката кон шоферот и гласно рекол:
„Големиот Џон не плаќа“.
Но овој пат возачот не ги оставил работите така. Тој станал на нозе и храбро прашал:
– А зошто не плаќа Големиот Џон?
Мажот посегнал кон внатрешниот џеб…
Возачот веднаш помислил на најлошото….
Но, Џон одговорил:
„Затоа што Големиот Џон секогаш си вади слободна“.