Виц: Крајот

Свештеник и ѕвонар стојат крај селскиот пат и забиваат табла со натпис во земјата. На таблата пишува:

„Крајот е близу! Вратете се по правиот пат, дури не е предоцна!“

Крај нив прелетува автомобил со отворени прозорци, а возачот вика на цел глас:

– Оставете ги луѓето на мира, аман од вас верските фанатици!

Момент подоцна, се слуша чкрипење на кочници и гласен тресок. Ѕвонарот загрижено го погледнува свештеникот и му вели:

– Пречесен, јас мислам дека сепак ќе биде подобро ако напишеме едноставно: „Мостот е срушен“…

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
- Реклама -