Виц: Избори

 

Постар човек отишол да гласа на избори.

Ја исполнил својата граѓанска должност, го ставил ливчето во кутијата и се свртел кон комисијата:

– Ќе ве молам, може ли да седнам до вас?

– Зошто? Како до нас, не може, му рекол еден од надлежните во просторијата.

– Па, сакам да го почекам татко ми, додал човекот.

– Зошто не го почекаш надвор?

– Па упорно се разминуваме. Тој е мртов веќе 20 години, но според списокот,  секогаш се појавува  кога има избори.

 

- Реклама -