Тазе дипломиран економист се јавува на оглас за работа. На интервјуто, зборува со нервозниот сопственик на мал бизнис со тројца вработени.
„Ми треба сметководител со диплома и знаење“, вели човекот. „Но, најважно, барам некој што ќе ги преземе моите грижи.“
„Молам?“, прашува младиот економист.
„Се грижам за многу нешта. Но, не сакам да се грижам и околу парите. Твојата работа ќе биде да ми ги симнеш сите грижи околу финансиите од грбот.“
„Сфаќам“, одговара апликантот. „А… Колку е платата?“
„За почеток, платата ти е 95.000 денари.“
„95.000 денари!“, извикува младиот, неверувајќи. „Па добро, како може еден вака мал бизнис да си дозволи толку голема плата?“
„Е тоа“, вели сопственикот, „е твојата прва грижа“.