Слетело едно ѓаволче во Њу Јорк и почнало да се дере:
– Јас сум ѓаволче, носам куферче и дојов да крадам!
Одма дотрчало обезбедувањето и му кажало:
– Овде не можеш да крадеш, немаш виза. Иди во Русија.
Отишло ѓаволчето во Русија, слетело од авион и почнало да се дере:
– Јас сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!
Дотрчале русите и му рекле:
– Овде не можеш да крадеш, Путин одма ќе те фати. Иди во Германија.
Отишло ѓаволчето во Германија, слетело од авион и почнало да се дере:
– Јас сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!
Дошле полицајци и му рекле:
– Овде не можеш да крадеш, одма ќе те уапсиме. Туку слушај, има една мала земја на Балканот, се вика Македонија. Таму сите крадат и никој не лежи во затвор. Иди таму.
Се уморило ѓаволчето од путување, ама конечно слетало на аеродром во Скопје, излегло од авион и почнало да се дере:
– Ја сум ѓаволче, имам… имам… абе каде ми е куферчето?!