Една баба, прашува друга.
– Еј, добро утро мори Маро. Како беше во градот?
– Многу убаво! Особено во градскиот транспорт, ако ти се погоди нашиот ден. Ќе се направиш муабет со многу луѓе, ќе видиш некое место, па веднаш стануваат и ти го отстапуваат!
– Бре! Штом е толку добро и јас да одам до градот да го видам тоа чудо.
Оди другата баба, се качува во автобусот и си избира едно место. Гледа во човекот, но тој не станува. Бабата го прашува:
– Младичу, стара жена сум, нема ли да ми го отстапиш место?
– Бабо, автобусот е речиси празен, токму ова место ли ти си допадна?
На бабата и станало криво, но сепак се обидела повторно:
– Ве молам, вие сте млад човек!
– Бабо, седни позади има место.
Бабата сепак продолжила:
– Ве молам да седнам!
– Добро, добро, штом толку сакаш, седи. Но вози внимателно!