Синот го прашува татка си: – Тато, те молам кажи ми, што е тоа „алтернатива”?
Таткото одговара:
– Алтернатива? Како да ти кажам. Замисли дека си купил десет јајца, но не си ги испржил, туку си ги ставил во инкубатор. Од нив се извеле пилиња. Тие ќе пораснат. Ќе се претворат во кокошки и петли. Ќе се појават уште пилиња и постепено ќе имаш цела фарма. Ти ќе почнеш да мислиш за проширување, за бизнис, за заем од банка. Ќе инвестираш во изградба на два нови кокошарници … И одеднаш – поплава … Се оди по ѓаволите.
– Тате, сепак не разбрав која е „алтернативата”?
– Ах, па да си чуваш патки.