Вистинското решение за младата кожа – 5 совети за убаво и чисто лице

Справувањето со акни е мачно и тешко, особено на возраст кога главна преокупација треба да е училиштето и забавата. Како и да е, акните се појава која е присутна кај дури 85% од младите и претставува реален проблем кој често е број 1 причинител на адолесцентска депресија и проблеми со самодовербата.

Добрата вест е тоа што со акните може да се справите со примена на 5 лесни совети и само еден партнер кој ќе Ви помогне да си ја остварите целта: Young Derm колекцијата за секојдневна нега на млада кожа.

youngderm

1. Редовно чистење – направете своја рутина за нега – секој ден нека ви започне и заврши со производи соодветни за вашето лице. Откако ќе ја исчистите кожата со Young Derm лосионот за чистење, нанесете од интензивниот крем за нега. Пред спиење, на чиста кожа нанесете од интензивниот крем за третман на акни.

2. Не ги стискајте мозолчињата – одбегнувајте да ги допирате воспалените места, а особено не ги допирајте со нечисти раце бидејќи тоа им помага на бактериите да се размножат, а воспалението да се прошири.

3. Хранете се здраво – ваши пријатели се свежите салати и сокови и водата во изобилие. Одбегнувајте алкохол, брза храна и шеќери бидејќи тие придонесуваат за зголемување на бројот на акни.

4. Кажете „не“ на шминката – тешките пудри ги затворат порите на лицето и и оневозможуваат на кожата да дише. Доколку навистина морате да ги прикриете неправилностите во тенот, нанесете од Young Derm подлогата за шминка чија формула е лесна и се ослободува од несаканиот сјај на критичните точки.

5. Бидете трпеливи – секој третман бара време, па така и борбата со акните. Дерматолозите велат дека основата на неуспешните третмани е токму нередовното користење на производите за нега.

Производите на Young Derm може да ги најдете во сите аптеки и добро снабдени маркети, набавете ги уште денес и уживајте во убаво и чисто лице!

Текстот е спонзориран

- Реклама -