Вистинско време за да купите Playstation 3?

Playstation3 Кога излезе, во 2006 година, играчката конзола Playstation 3 ги вчудовиде и најпосветените фанови на Sony со својата неверојатна цена од 499 (или 599 во зависност од регионот) долари. Но, од утре (1 септември 2009 година), оваа конзола има нов изглед и нова, разумна цена од 299 долари. Дали вреди да се купи? 


Кога излезе, во 2006 година, играчката конзола Playstation 3 ги
вчудовиде и најпосветените фанови на Sony со својата неверојатна цена
од 499 (или 599 во зависност од регионот) долари. Но, од утре (1
септември 2009 година), оваа конзола има нов изглед и нова, разумна
цена од 299 долари. Дали вреди да се купи?

PS3Новата верзија на Playstation 3 е наречена Slim што е сосема пригодно име, со оглед на тоа што е потенка за околу една третина, полесна за речиси 2 килограми и троши 34% помалку енергија отколку оригиналната верзија. Има хард-диск со капацитет од 120 гигабајти, ги задржува сите он-лајн опции, можноста за пуштање блу-реј дискови, како и сите други опции што ја направија претходната верзија толку примамлива.

Но, сепак, не се задржани сите добри нешта. Се сеќавате како претходните верзии беа ретроградно компатабилни и на нив можевте да ги играте сите претходни playstation игри и од претходните конзоли? Е па веќе не можете! Официјалните лица велат оти таа опција е отстранета засекогаш!

Ако сево ова ви се допаѓа, но и натаму се двоумите поради фактот што повтроно ќе има намалување на цените – немојте! Секако дека цените ќе паднат и под 100 долари, но тоа ќе биде некаде по 5 години, а којзнае какви изненадувања ни се спремаат од индустријата за игри дотогаш?

Нормално, за сите играчи во Македонија, потребно е малку повеќе трпение додека нашите продавници се синхронизираат со остатокот од светот.

- Реклама -