Вистинските причини зошто мастурбацијата е подобра од сексот

Никој не вели дека не е супер да си игра со својот партнер во спалната соба, но и самозадоволувањето има добри страни. Навистина, понекогаш дури може да биде и подобро ид водењето на љубов, или барем така тврди психологот Ава Кадел и терапевтот Ејми Левин.

1. Вашиот партнер е уморен, безволен или во мометнот кога сте расположени тој не е до вас. Тоа не значи дека мора да се откажете од задоволтвото.

2. Можете да експериментирате колку што сакате без да се грижите дали некој чудно ќе ве погледне или дали ќе повредите нечии чувства.

3. Недостатокот на гласните воздишки кои го придружуваат жестокиот сексуален чин со партнерот, ќе го намали ризикот следниот ден срамежливо да се поздравите со соседите кои живеат до вас.

4. Вие самите најдобро знаете што ви одговара и никој друг не може да знае подобро од вас.

5. Не морате да се замарате со кондоми и да се грижите за плодни или неплодни денови.

6. Понекогаш сексот може да потрае подолго отколку што ви е доволно и ви се чини дека трае цела вечност.Самозадоволувањето трае точно колку што ќе посакате.

7. Нема притисок за да го задоволите партнерот, па можете да бидете себични колку што сакате.

8. Не постои страв од будење наредното утро, каејќи се што сте направиле минатата ноќ, особено ако се работи за пролазна авантура.

9. Не мора да се оптоварувате дали вашата бикини зона е совршено издепилирана.

10. Откако ќе го достигнете врвот можете да заспиете, читате книга или да ја гледате омилената серија, односно да го направите токму она што го сакате. Никој нема да ви одреди што и како после.

- Реклама -