Се сеќавате на Mr. Hiccup – ликот од цртаниот филм кој постојано има неволји поради неговата константна икавица? Малкумина би помислиле дека навистина постоел човек со сличен проблем, но, постоел.
Чарлс Озборн (1894-1991) имал икавица нон-стоп скоро 68 години, од 1922-та година до Јуни, 1990-тата. Според Гинисовата книга на рекорди, ова е најдолгиот регистриран напад на икавица на сите времиња. Нападите кај Чарлс започнале во 1922-та, кога се обидувал да закачи крмак за колење. Последното што се сеќава е дека се онесвестил од тежината и дека се разбудил за кратко, без да почуствува ништо значајно. Но, според неговиот доктор, Теренс Антони, Озборн при падот повредил крвен сад што го снабдува делот од мозокот задолжен да ја инхибира икавицата.
Во почетокот, Озборн икал во просек околу 40 пати во минута. Во текот на животот, икавицата постепено ослабувала, се до 20 икања во минута. Од сосема непознати и мистериозни причини, икавицата конечно запрела во 1990-та, само една година пред неговата смрт. Се проценува дека Озборн икнал над 430 милиони пати во неговиот живот!