Иако во нормални услови би звучел како бесрамен клик-бејт, побуквален наслов од овој овде одамна немаме пишано. Тоа секако, на ничија радост, ни го овозможи денешниот земјотрес кој ги вознемири македонските граѓани, но пред сѐ – скопјани.
Според првичните податоци на EMSC (Европско-Медитеранскиот Сеизомолошки Центар), земјотресот беше со јачина од 3.4 степени по Рихтер и на длабочина од 2 километри, за додека медиумите ја објавуваа таа информација, ЕMSC да добие нови податоци и да се корегира дека земјотресот всушност бил со 3.9 степени и на 1 километар длабочина (со епицентар на 8 километри источно од Скопје).
Причината, меѓутоа, што ова го читате, е што во истиот тој момент, во 14 часот и 9 минути, прес-конференција имаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и новоименуваниот специјален претставник на Владата за Бугарија – Владо Бучковски. Погледнете како тие реагираа во таа ситуација, во видеото што го сподели токму Османи: