Вистински фармерки за совршен задник

Независно од тоа дали носи фармерки или здолниште, секоја жена се гирижи за тоа како изгледа нејзиниот задник во облеката. Следете ги следниве неколку совети за да се осигурате дека вашиот задник секогаш ќе изгледа најдобро што може.

Правилен модел

Задникот ќе го истакнете со тоа што ќе одберете фармерки со тесни ногавици. Тоа не значи дека тие треба да бидат претесни и дека ќе треба да си го задржувате здивот за да ги закопчате, туку дека панталоните секогаш треба да ја следат природната линија на телото.

Индиго

Оваа боја на фармерки ќе направи вашиот задник да изгледа помал и истовремено ќе му даде затегнат изглед. Ако, пак, сакате да му дадете волумен на вашиот задник, носете бели фармерки од растеглив тексас.

Во висина на струкот

Иако фармерките со спуштен струк им прилегаат на девојките со помали задници, сепак моделите со висина до струкот изгледаат добро на сечија градба. Ако во комбинацијата додадете и колан, тогаш дефинитивно ќе ги намалите пропорциите на задникот.

Џебови

Големите џебови визуелно го зголемуваат задникот, додека минијатурните имаат спротивен ефект. Важно е и местото на кое се наоѓаат џебовите. Ако се позиционирани пониско, тогаш вашиот задник ќе изгледа подигнато.

- Реклама -