Откако медиумите со месеци шпекулираа за вистинската причина за раскинот на врската меѓи руската манекенка Ирина Шајк и португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, пријател на убавата Ирина откри дека двојката се раздели поради- изневерување.
Прво, медиумите пишуваа дека Ирина не се согласува со семејството на својот дечко, и дека најлоша комуникација има токму со мајката на Роналдо. Потоа Ирина во интервју по раскинот изјави дека Роналдо не ја почитувал доволно и дека покрај него не се чувствувала убаво.
Но, уште една причина се појави на видик, и како што стојат работите, таа може да биде онаа вистинската. Имено, пријател на Ирина откри дека Роналдо има сериозни тешкотии да остане верен на една жена.
– Ирина добиваша СМС пораки од непознати жени во кои тврдеа дека биле со Роналдо, или дека флертувале, а потоа го зема неговиот телефон и најде десетици пораки. Ги провери броевите и сфати дека тие жени се наоѓаат на различни страни на светот, односно на оние места каде играл Реал Мадрид. Кристијано прво се обиде да се извлече, а на крај призна дека само се допишувал со нив- открива анонимниот извор.
Сепак се заедно: Страстни бакнежи меѓу Ирина и Бредли! (ВИДЕО)
Откако открила дека тој ја изневерува со повеќе девојки одеднаш, Ирина ставила точка на врската и се отселила од нивниот заеднички стан. На убавата манекенка не ѝ беше потребно многу време да го преболи фудбалерот и сега е во врска со актерот Бредли Купер.