Вистинската незгода зад легендарната сцена на Мистер Бин (ВИДЕО)

Мистер Бин со мисирка заглавена на главата – сцена што никој што ја има гледано нема да ја заборави, и една од најсмешните во целата телевизиска историја.

Но зад камерите, снимањето на сцената не било воопшто забавно за Роуан Аткинсон, кој се прослави со улогата на Мистер Бин од 1990 до 1995 година.

Во епизодата „Среќен Божиќ, господин Бин“, главниот лик го губи часовникот додека ја полни мисирката подготвувајќи вечера за својата нова девојка. Во духот на шоуто, тој прво ја нурнува раката, а потоа и главата во обид да го најде часовникот во мисирката. Мисирката, пак, му се заглавува на главата.

Се разбира, при снимањето не била користена вистинска мисирка. Но, како што открива сега 63-годишниот Аткинсон во интервју за PeopleTV, користениот реквизит бил ѓаволски тежок и го оставил со долготрајни последици.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

„Иако беше реквизит, таа мисирка беше фантастично тешка. И имаше ужасни последици за мојот врат и мојот р’бет, кои траеја со месеци по снимањето. Беше тоа лоша повреда со лажна мисирка“.

Е па ете, сега знаете дека вашето смеење Мистер Бин го има платено со вистински болки во вратот и грбот. А ова е супер прилика да му заблагодариме за тоа.

 

- Реклама -