Хана Фрејзер била фасцинирана од сирените уште од мали нозе. Денес оваа Австралијка има 36 години и живее во Лос Анџелес. Својата прва опашка ја направила откако го гледала филмот „Splash“ со Дерил Хана во главната улога.
Хана моментно работи како манекенка и глумица и плива со китови и делфини, а дури и со ајкули. Може да си го задржи воздухот под вода до две минути и да плива до длабочина од 13 метри.
Нејзиниот сопруг Дејв Растович е сурфер, а двајцата биле многу вознемирени кога сфатиле дека е сѐ уште дозволено да се убиваат китови за научни цели. Така, заедно со фоторепортерот Тед Грамбо снимиле навистина креативна кампања, во која Хана носејќи ја својата опашка на сирена, плива со китовите.
Оваа „вистинска“ сирена објаснила дека китовите самостојно одлучиле да пливаат во нејзина близина. Снимените фотографии се објавени во книга за деца, чија основна намена е да ја подигне свеста за зачувување на китовите, а фоторепортерот Гамбо појаснил дека сите фотографии од сирената Хана и китовите се навистина поетични, надреални и едноставно преубави.
{youtube}dmAsiD_bhMc&feature=autoplay&list=PL95B030799D607F82&playnext=1{/youtube}