Вистинска филмска приказна (видео)

robotsФедерико Алварез е иден режисер со блескава иднина. Откако на Youtube го постави својот четириминутен филм Panic Attack кој го правел во слободно време и со буџет од само 500 долари, тој го привлече вниманието на бројните филмски фанови и на холивудските студија. Тие му понудија 30 милиони долари за да го претвори овој нискобуџетен проект во долгометражен филм.

Федерико Алварез е иден режисер со блескава иднина. Откако на Youtube го постави својот четириминутен филм Panic Attack кој го правел во слободно време и со буџет од само 500 долари, тој го привлече вниманието на бројните филмски фанови и на холивудските студија. Тие му понудија 30 милиони долари за да го претвори овој нискобуџетен проект во долгометражен филм.

30-годишниот Алварез кој води една постпродукциска куќа за визуелни ефекти во Уругвај, беше повикан во Лос Анџелес каде му беше понудена режисерска плата од 1 милион долари и додатни 30 милиони за да го направи филмот. После прифаќањето на привлечната понуда на Mandate Pictures, Алварез беше сместен во нов стан, му беше даден нов автомобил и можност да работи со режисерот на Спајдермен – Sam Raimi, во правењето на филмот.

Во петминутниот клип кој го привлече вниманието на Холивуд е прикажана инвазија на Монтевидео од гигантски роботи со специјални ефекти рамни на оние на познатите филмови од холивудска продукција. Погледнете го.

{youtube}-dadPWhEhVk&feature{/youtube}
- Реклама -