Вишокот килограми штитат од стрес

Група германски научници дошле до заклучок дека вишокот килограми може да ве заштитат од прекумерниот стрес.

Повеќегодишното истражување покажало дека луѓето со прекумерна тежина подобро се справуваат со стресот на тој начин што масното ткиво обезбедува храна за мозокот и го заштитува од менталните оптоварувања.

article-1382217-0573522D000005DC-801_468x286

Во моментите на стрес мозокот има потреба од поголемо количество на гликоза и други хранливи материи. Доколку тие потреби не се задоволуваат со храната, тогаш кај дебелите луѓе се земаат од наложените масни ткива, додека, пак, кај слабите од другите органи.

 

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -