Ако веќе некое време размислувате да се подновите со очила за сонце, но немате многу време да разгледувате и пробувате, ако едноставно сте љубител на мачки, кучиња и други миленичиња што мислите дека би изгледале згодно со очила и ако во моментов баш и не правите нешто важно, веднаш упатете се на framesdirect.com. Нештото се вика „Virtual Try On“ и, како што претпоставувате, ви овозможува да пробувате секакви видови очила онлајн. Меѓу нив и марки како RayBan, Prada и Versace. Сепак, можеби уште поважно, сајтот ви овозможува лесно да го злоупотребите и да се забавувате! Скролајте надолу и кликнете на Get Started копчето, аплоудирајте „ваша“ слика и уживајте. Баш како што тоа го направил еден од посетителите.