Виртуелната реалност – триумф или разочарување?

Вие сте на дното на мирен Океан и истражувате потонат брод. Шетате по Марс, се искачувате на Еверест, завршувате меѓу играчите на вистински натпревар од NBA лигата. Се вртите и тродимензионалниот свет наоколу се открива пред вашите очи, а звукот ве опкружува од сите страни. Заборавате дека всушност сте само на каучот дома со еден голем и чуден шлем, а отстрана движењата ви изгледаат смешно.

Да, виртуелната реалност е поблиску од кога било досега, а 2016-та е годината во која VR уредите, рекламирани години наназад, конечно ќе се појават на пазарот.

vr1

Неодамна заврши саемот CES 2016, а некои од најголемите вести и демонстрации беа поврзани токму со виртуелната реалност. Ветувањата се појавија уште со излегувањето таа да предложи незаборавни искуства во 3D опкружувањето … ако воопшто може да си ги дозволи.

Барем на почетокот, сепак виртуелната реалност најверојатно ќе разочара многумина и ќе пристигне со некои не толку безпогрешни производи и сè уште нерешени проблеми.

Кои ќе бидат главните VR технологии на 2016 година, што можеме и што не можеме да очекуваме од нив?

На CES не само што ги дознавме цената и датумот на излегување на долгоочекуваниот Oculus Rift ($ 599 од 28 март натаму), но успеавме да ја видиме и најновата верзија на конкурентскиот производ на HTC и Valve, наречен HTC Vive.

За да работат, и двете VR уреди имаат потреба од висока класа десктоп компјутери со добра графичка.

Oculus Rift е производот кој Oculus го развива повеќе од три години. Истиот започнал како успешна иницијатива во Kickstarter, по која Facebook ја купи компанијата за 2 милијарди долари.

Vive е дело на тајванската компанија за телефони HTC и Американците од Valve, познати со водечката платформа за игри Steam и со видео играта Half-Life. Нивниот HTC Vive се очекува да се појави во април 2016 година, но неговата цена веројатно дури ќе ја надминува и онаа на Oculus.

Во меѓувреме Playstation VR на Sony, кој ќе работи на конзола Playstation 4, исто така се развива со брзо темпо. Познат претходно како Project Morpheus, производот  сè уште нема точен датум на излегување, иако исто така се очекува да се појави на пазарот оваа година.

Според она досега може да се види дека публиката е жедна за ова ново технолошко искуство, но виртуелната реалност уште не е толку достапна, колку што ние би сакале.

vr3

Во својата сегашна форма се чини дека уредите имаат доста проблеми – делумно со конфигурирање, делумно со технички проблеми при нивната употреба, со високата цена и сè уште потребната конекција со компјутер или конзола.

Главни компоненти се нивните дополнителни камери и сензори кои ги поставувате во собата, за да го земат предвид движењето на главата, како и новите контролери што личат на модифицирани гејм падови. HTC Vive доаѓа со два безжични контролери кои ги заменуваат двете раце. Контролорите на Playstation VR изгледаат многу слични, а оние на Oculus Rift се исто така два, но се со кружна форма и малку поинаква поставеност на копчињата.

Сепак контролорите нема да се појават на пазарот уште со излегувањето на производот во март, туку ќе може да се купат дополнително подоцна во текот на годината. Дотогаш секој Oculus Rift ќе се користи со еден стандарден безжичен Xbox One контролер, вклучен во пакетот.

vr2

Мобилната виртуелната реалност

Виртуелната реалност има и своите подостапни варијанти. Тие веќе се на пазарот и претставуваат хедсетови со 3D очила со кои го поставувате смартфонот и го користите неговиот екран.

Таков е Samsung Gear VR – првиот VR хедсет кој Oculus го пушти на пазарот. Тој нуди мобилно, полесно за употреба и поприфатливо решение за 100 долари, но има еден сериозен недостаток – работи само со одбрани смартфони – Samsung Galaxy.

На пример, Google Cardboard нема такви ограничувања, но надворешната изработка го прави уште поевтин – може да биде пронајден во онлајн продавници по цени помеѓу 3 и 20 долари.

Иако повеќето VR апликации за него се само клипови од 360 степени, а не посебни игри, какви што има за Samsung Gear, токму Google Cardboard засега е воведното VR искуство што ги запознава корисниците со виртуелната реалност.

Прелиминарната продажба на Oculus Rift започна во средата и приливот беше доволен за да го преоптовари сајтот на Oculus.

vr4

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека дури и Rift да се радува на силен старт, клучна ќе биде содржината што платформата ќе ја предложи.

“Сè уште не сме ја виделе првата одлична содржина која ќе го поттикне пазарот да ја усвои платформата”, вели аналитичарот на инвестициската банка Piper Jaffray.

Индустријата го разбира овој проблем и инвестира милиони долари во содржината. Најосновното, тогаш се дели на два вида: игри / апликации кои создаваат виртуелни светови преку 3D графика; и панорамски клипови и слики, понекогаш во 3D снимени со специјални камери и имаат за цел да создадат виртуелна реалност во филмовите.

Барем на почетокот VR уредите ќе бидат ориентирани главно кон гејмерите и ќе нудат доста специјализирани игри.

Освен тоа Rift и Vive остануваат PC уреди и ќе се искористат за игри кои имаат VR одржување.

Oculus Rift пристигнува со две бесплатни игри, EVE Valkyrie и Lucky’s Tale, а оваа година само сопствениот инвеститор Oculus Studios ќе издаде уште околу 20 игри за него. Други стотина наслови ќе бидат издадени од независни програмери. Во исто време Oculus Story Studio создава VR филмови специјално за Rift. Новиот филм Henry е анимација во стилот на Pixar и исто е закажан за оваа година.

vr5

Конкурентите од HTC објавија импресивен избор на партнери за содржината на Vive, вклучувајќи ги HBO, Lionsgate и Google. Сè уште нема јасност што точно ќе биде оваа содржина – но е логично филмовите и сериите да повлечат масовна публика кон виртуелната реалност повеќе отколку игрите.

Што се однесува до Playstation VR, шефот на Sony, Казуо Хираи откри дека за нивната нова платформа се развиваат над 100 игри.

Само што и покрај сиот ентузијазам за новата технологија, се уште е прилично рано за одговор на можеби најзначајното прашање:

Ќе влезе ли навистина виртуелната реалност во домовите на масовна публика и како ќе го промени начинот на живот?

vr6

“Возбудливо и истовремено најтажно кај виртуелната реалност е тоа што не треба да одиш никаде – зошто да стигнеш до пирамидите, кога можеш да ги видиш од каучот?”.

Овие прашања и предвидувања сепак беа наметнати и кај доаѓањето на телевизијата, на компјутерите, па и на смартфоните.

- Реклама -