Шведскиот автопроизводител Волво има долгогодишна репутација на автомобилска компанија што ја става безбедноста на прво место. Некои од безбедносните функции се прилично видливи, но други, како ласерските сензори што ги детектираат движењата на околните автомобили, се потешки за презентирање во класичните автомобилски салони. За да може да се испофали во полн капацитет, Волво ги здружи силите со Мајкрософт за да ги претопи своите модели во виртуелна реалност.
Во авто-салоните на Волво, а веројатно и општо во авто-салоните, во иднина ќе нема автомобили. Наместо тоа, потенцијалните купувачи ќе носат очила од Microsoft HoloLens системот, кој прикажува објекти во виртуелна реалност како да се холограми, и ќе можат да шетаат наоколу и да ги разгледаат виртуелните верзии на автомобилот, заедно со „невидливите“ безбедносни системи што се кријат под каросеријата.
Во последно време, во име на безбедноста, автомобилите стануваат сé поавтономни. Многумина се во дилема дали предавањето поголем дел од контролата во раце на автомобилскиот компјутер е добра идеја, па чекорот на Волво да ја визуелизира работата на сензорите и другите безбедносни технологии е прилично добар начин да се увери купувачот во сигурноста на таквите системи, а со тоа и да се убеди да го купи моделот. Ова промо-видео прилично детално нé воведува во HoloLens Showroom системот: