Виртуелна прошетка низ светските галерии

Ако чувствувате дека немате  поминато доволно време во музеите во вашиот живот, Google ви дава шанса да ги зголемите  познавањата од  уметноста. Својата нова функција – елоквентно насловена како  Google Art Project – ви овозможува буквално да истражите  над 40 000 слики, собрани од повеќе од 40 земји. Сите слики се придонеси кон виртуелното образование,  од разни музеи, кои се движат од класичната до современата уметност.

Што е уште поважно, покрај тоа што можете да пребарувате преку галерии, уметноста на Google Art Project  исто така задржува некои од сликите во  Gigapixel- формат. Ова ви овозможува да  зумирате до степен до кој ќе можете да ги видите деталите што веројатно би ги пропуштиле во музејот! За оние кои би сакале да добијат повеќе информации околу уметничките дела, постојат бројни видео и аудио објаснувања, водичи, експерт коментари, мапи и многу повеќе.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

Проектот има исто така повеќе од 150 уметнички дела на легендарниот холандски пост-импресионистист Винсент Ван Гог.

Уживајте во викенд прошетка низ светските галерии!

detailed-close-ups-of-van-gogh-artworks-6-1 (1)

detailed-close-ups-of-van-gogh-artworks-6-3

detailed-close-ups-of-van-gogh-artworks-6-4 (1)

 

 

- Реклама -