Република Словенија е мала, но убава држава во Централна Европа.
Таа има население од нешто повеќе од 2 милиони луѓе. Во главниот град Љубљана живеат околу 277 000 луѓе.
Погледнете неколку интересни факти што можеби не ги знаете за нашата некогашна сојузна држава…
Страната на пештерите – Во Словенија има над 10 000 пештери. Најпознатата од нив е Постојна.
Словенија поседува само 45 километри од брегот, но одморалишта лоцирани на неа, се прекрасни.
Во земјата живеат околу 400 кафеави мечки.
Островот Блед е еден од најубавите за туризам. Тука има црква во која често се организираат свадбени церемонии. Ако младенците ја изберат оваа локација, младоженецот треба да ја носи невестата на раце низ 99-те скалила до црквата.
Словенците ги сакаат планините и планинските спортови. Неколку интерени факти поврзани со ова: Во Словенија се наоѓа највисоката греда за ски скокови во светот. Првата двојка сопружници алпинисти, кои достигнаа до Монт Еверест, се од Словенија. Највисокиот врв во Словенија е Триглав (2864 м). Националниот парк Триглав е еден од најстарите во Европа. Во Словенија има над 7 000 км обележани пешачки патеки, како и 165 бунгалови и засолништа.
Најстарото вино во светот се прави во словенечкиот град Марибор.
Половина од територијата на земјата, или околу 10 000 квадратни километри, е покриена со шуми.
Хрониките на Нарнија се фотографирани во прекрасна словенечка долина.
Тука има многу фестивали и празници посветени на храната – ден на солта, фестивал на зелката, на костени и др.
Симбол на градот Љубљана е змејот.