Нiјагарините водопади се една од најпопуларните туристички дестинации во светот.
Имено, огромен број луѓе од целиот се собираат во овој крај, со цел да уживаат во убавината на природата.
Германскиот фотограф Joerg Daiber создаде тајмлапс видео со наслов Nano Niagara Falls, посветено на комплексот водопади на реката Нијагара.
Главен “актер”, се разбира, е самиот водопад, а улогите во втор план ги толкуваат десетици туристи во црвени и сини мантили.