Додека патувате низ Африка, сигурно ќе помислите дека називот „Црн континент” не е точен, бидејќи како може плажите на Момбаса, снежниот врв на Килиманџаро, чистото зеленило на етиопските планини и блескавите бои на племенските накити да се вклопуваат во категоријата црно? Никаде меѓутоа оваа етикета не изгледа толку смешно, како во Мароко. Прехранбените производи, зачини, облека, ракотворби, архитектура – сите тие се спојуваат во шарените мозаици од животот на земјата.
Старата берберска традиција на украсување на телото со комплексни цртежи од Хена е сеуште популарна меѓу Мароканските жени. Се смета дека кога тие се украсени на овој начин ги имаат божјиот благослов и заштита од зли сили.
Според легендата овој тип тетоважи носат радост, среќа и обезбедуваат добро здравје. Тие го поттикнуваат наталитетот и нудат заштита од магии. Во Мароко често ќе ги видите како дел од свадбените церемонии и други свечености во исламскиот календар.
Изобилството и виталноста на Мароканските ракотворби се удираат. Меѓу производите на мануелното дело се кожените чевли, накит, теписи, текстил и керамика. Уникатните ткаенини и текстилни производи се достапни во сите можни комбинации на бои. Марами од свила, рачно ткаени ќебиња, навлаки за перници и традиционални черги – тие се прекрасни сувенири кои ќе ги стоплат срцата во тешките, зимски денови дома.
Прочитај повеќе: Мароко, земјата во која испреплетува африканскиот, азискиот и европскиот дух
Мароканските керамички производи се украсени со комплексни геометриски форми, кои се рефлектираат врз шпанските влијанија.
Главните центри за керамика во земјата се Сафи и Фес – последниот познат по своите рачно насликани, сини и бели производи.
Ако сакате навистина да поседувате нешто традиционално и уникатно од Мароко, купете си пар чевли од кожа во сите бои на виножитото.
Сахара исто така придонесува кон комплексната палета на бои на Мароко. Портокаловиот песок на пустината е неверојатна храна за очите, во комбинација со магијата на изгрејсонцето.
Едно од најпознатите неверојатни доживувања во Мароко е тоа што вие не само што сте опкружени со разнобојни производи, туку исто така можете да видите како се добиваат овие нијанси.
И едно предупредување – она што е угодно на окото, не е секогаш пријатно за носот. Колку и да се интересни традиционалните кожени работилници за штавење, мора да признаеме дека околу нив се разнесува неподнослива смрдеа.
Сепак вреди да се види процесот, особено во Фес – тука кожата се щави од 11 век – тоа е најдревната слична постапка во светот.
Кој би помислил дека мароканската архитектура е далеку од црно-бели бои. Тука ќе уживате во освежувачко бело-сините погледи од крајбрежните градови и жолто-портокаловите бои на населените места во пустината.
Прочитај повеќе: Чевчаен, егзотичен град во Мароко кој плени со своето синило
Имате потреба да се одморите од светлите бои? Високите планини на Мароко ќе ве поздрават со нивната пригушена палета.
Во Мароко храната е целосно одделен свет.
Мирисите, вкусовите и боите кои што ги милуваат сетилата се мирисни со разнобојни зачини, колачи, портокали и маслинки кои ги тераат грчките, италијански и шпански производители да завидуваат.
И конечно, да не заборавиме дека најстарата симпатична културна таписерија е вткаена од самиот мароканскиот народ.
Добавувачите, рибарите, уличните музичари, локалните минувачи и децата кои што си играат наоколу – се чини дека тоа своевидно чувство за боја е составен дел од нивниот идентитет. Дали тоа го прави нивниот живот светол? Веројатно не, но сигурно го прави Мароко број еден дестинација во светот за оние кои сакаат да живеат во боја.