Peta, најголемата светска организација за заштита на животните, креира виртуелен музеј во склоп на проектот Animal Liberation, каде преку една виртуелна тура низ фотографии и видеа прави една контроверзна паралела помеѓу историјата на кршењето на човечките права и злоупотребата на животните. Како и секогаш и овој проект на Peta е провокативен и поттикнува на размислување (предупредување: голем дел од материјалите се со шокантна, експлицитна содржина). Влез во музејот тука.