Virgin Media најавува ултра-брз интернет

интернетVirgin Media најавиле дека ќе го тестираат најбрзиот бродбенд во светот поради растечката побарувачка за брзи интернет конекции. Компанијата вели дека планира да тестира брзини до 1,5 гигабајти во секунда – над 10 пати побрзи од нивната сегашна најбрза понуда.


Ова би значело дека корисниците на нивните услуги би можеле да симнуваат филмови со висок квалитет или цели видео игри за само 55 секунди, наместо да чекаат неколу часови. Тестовите на супер-брзата интернет конекција ќе започнат овој месец во четири компании во Лондон, но услугата наскоро ќе биде достапна за сите корисници.

Virgin Media велат дека ова е одговор на корисниците кои бараат сè побрзи конекции, 39 проценти од новите корисници нарачуваат брзини од над 20 мегабајти во секунда, споредено со 15 проценти пред една година. Компанијата вели дека една од најголемите предности на новата услуга не е брзината, туку зголемениот број на корисници кои ќе можат да ја користат мрежата истовремено без никакви проблеми.
Џон Џејмс, еден од извршните директори во Virgin Media, изјавил: „Побарувачката за поголем бендвит брзо расте бидејќи сè повеќе направи се поврзуваат на интернет и сè повеќе луѓе се истовремено приклучени на интернет.“ Од Virgin Media велат дека инвестирале 13 милијарди фунти за да им овозможат на корисниците на кабелски интернет пристап до оптички мрежи, кои ги транспортираат податоците како светлосни сигнали низ стаклени влакна. [Virgin Media to test world’s fastest broadband]

- Реклама -