Виното што „го уби“ најдобриот готвач

benoit-656x365[1]

Најдобриот светски готвач, кој беше пронајден мртов во својот стан минатиот месец, наводно бил жртва на голема измама, заради која завршил во големи финансиски проблеми.

Беноит Виолиер (44) изврши самоубиство, без да остави ниту проштално писмо.

Новите информации сугерираат дека славниот готвач, чиј ресторан неодамна доби три Мишелинови ѕвезди, бил жртва на огранизација што продавала ретки вина, вредни и до 13.000 евра, но никогаш не ги испорачала.

Едно исто шише продавале по неколку пати

Како што пишува швајцарското финансиско списание Bilan, швајцарската компанија за продажба на вино Finance Partners во текот на 2015 им продавала скапоцени вина на бројни ресторани, без да ги испорача. Едно исто шише се продавало и по три или четири пати, по цени од 13.000, па и по 32.700 евра по шише.

Истото списание заклучува дека ресторанот на Виолиер претрпело загуби и до околу 1.3 милиони евра, како последица на измамата. Private Finance Partners пак, прогласиле банкрот на крајот од минатата година, а еден од брокерите од компанијата наводно завршил и во притвор.

Полицијата останува на заклучокот дека Виолиер се самоубил со пиштол.

„Беше брилијантен човек. Голем талент кој имаше извонреден капацитет за работа. А беше и многу драг, и секогаш оставаше впечаток дека е совршен“, коментира неовиот колега, шефот Фреди Жирарде, кој, како и Виолиер, има три престижни Мишелинови
ѕвезди.

- Реклама -