Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Реал Мадрид денес соопшти дека е повреден напаѓачот на тимот Винисиус Жуниор.

-По тестовите извршени од медицинските служби на Реал Мадрид, на Винисиус му беше дијагностицирана повреда на бутен мускул на левата нога, се вели во соопштението на „Кралскиот клуб“.

Според пишувањата на медиумите, фудбалерот ќе пропушти три недели. Така, 24-годишниот фудбалер нема да може да игра на 27 ноември против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Вчера Реал го победи Леганес (3:0) на гостински терен во 14. коло од Ла Лига. Винисиус го одигра целиот натпревар и беше творец на една асистенција.

Прочитајте и:  Слот израмни рекорд во Премиер лигата
- Реклама -