Кинеските цензори ги забранија сите пребарувања поврзани со мечето Winnie The Pooh заради сличности со претседателoт Кси Џинпинг.
Имено, откако на кинеската социјална мрежа Weibo беше објавена фотографија од Кси Џинпинг како се шета со американскиот претседател Барак Обама во Калифорнија, набрзо потоа кон изворната фотографија беше додадена и сликата на омилениот детски јунак и неговиот пријател Tigger во речиси идентична поза како и политичарите.
Коментарите и сликата веднаш беа отстранети, но сликата стана вистински хит на интернет. Критичарите велат дека цензорите премногу сериозно ја сфатиле споредбата и дека отфрлиле нешто што би можело да биде позитивна кампања за зголемување на публицитетот, како создадена за Џинпинг.
Кинеските цензори се познати по отстранувањето на дури и на најминималните критики на владата од социјалните мрежи.
Да се потсетиме, Winnie The Pooh е анимиран лик на Дизни, мече кое и не е премногу паметно и кое ужива да јаде мед, а неговите најдобри пријатели се едно прасе, тигар и магаре.